Баерн заглавени на аеродромот: Повторно хаос на СП поради невреме

Нема крај на проблемите на клупското СП поради временските непогоди. Откако некои натпревари од групната фаза беа прекинувани поради предупредувања за невреме, во осмина финалето натпреварот помеѓу Челси и Бенфика во Чарлот беше прекинат за цели два часа. Во исто време во Орландо на аеродромот заглави Баерн. Билд пишува: „Повторно хаос со летовите и проблеми со времето за Баерн на клупското СП.“

Ѕвездите на Баерн заглавија во Орландо, нивниот авион за Мајами не можеше да полета во сабота во 16:40 по локално време за да стигне навреме на осмина финалето на Клупското СП против Фламенго од Рио де Жанеиро, кој се игра во недела во 15:00 по локално време во Мајами. Но, тимот заглави – полетаа со речиси два часа задоцнување.

Причината беше невреме кое се движеше со бавен чекор преку Флорида, од запад кон исток – точно од Орландо кон Мајами. Ова не е првпат на СП Баерн да има проблеми со временските непогоди при патувања на натпреварите. За вториот натпревар во групата против Бока Јуниорс (2:2), Баварците исто така тргнаа со задоцнување поради невреме; тогаш задоцнија еден час.

Фотографија: Принтскрин