Одигра епски меч со Алкарас, па плачеше во соблекувалната


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Неодамна Фабио Фоњини се прости од Мастерсот во Рим и комплексот “Форо Италико”, а сега дојде време и за проштавање од Вимблдон. Според жрепката, Италијанецот играше против вториот во светот и двоен последователен шампион во Лондон Карлос Алкарас.

Никој не очекуваше дека 38-годишникот ќе пружи толкаво силен отпор, играјќи четири и пол часа и освојувајќи два сетови. Сето тоа го направи Фабио Фоњини и ги освои симпатиите на публиката, и покрај поразот.

На крајот беше 7:5, 6:7, 7:5, 2:6, 6:1 за Шпанецот, кој во второто коло ќе игра против Британецот Оливер Тарвет, кој не е ни во топ 700 на ATP ранг листата. Се очекува полесна задача во однос на Фоњини, кој на конференцијата за медиуми по дуелот откри дека плачел.

– Плачев во соблекувалната. Искрено, не очекував дека ќе играм пет сетови против него. Немав никакви очекувања денес, со оглед на тоа како дојдов на овој меч. Мислам дека нема подобар начин да се простам од Вимблдон, па дури и од тенисот – објави Фоњини.

Фото: Принтскрин