Иванишевиќ за Ѓоковиќ: Ако го освои Вимблдон, тој нема да застане


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Горан Иванишевиќ долги години му беше тренер на Новак Ѓоковиќ, а во студиото на „Спорт клуб“ во Вимблдон токму српскиот тенисер го постави за главен фаворит.

Во разговорот со Небојша Вишковиќ и Марија Секуловиќ, Иванишевиќ покрај приказната за сегашниот клиент Стефанос Циципас, зборуваше и за Ѓоковиќ и неговите шанси:

„Јас мислам дека тој е фаворит овде. Пред некој ден тренираше со Стефанос и кога го гледате од друга страна, тоа е таква леснотија во играње тенис. Тој овде е убедливо најдобриот играч на трева. По мене, сигурно ќе игра со Синер во полуфиналето и по мене, тој е фаворит. Не му е ова единствената шанса, има и US Open“, рече поранешниот тренер на Новак.

„Кај него никогаш не се знае. Тоа е таква леснотија во движења, топката му оди 300 на час. Прашање е мотивацијата, дали е подготвен. Ако овде победи, нема да застане на 25, не може тој… Не знам каде е Олимпијадата по Лос Анџелес. Со него никогаш не се знае“, со смеа рече Иванишевиќ.

Фото: Принтскрин