Тен Хаг нема намера да го донесе Антони во Баер Леверкузен

Ерик тен Хаг, тренерот на Баер Леверкузен, изрази пофалби за бразилскиот фудбалер Антони, со кого има работено претходно во Ајакс и Манчестер јунајтед, но истакна дека засега нема планови да го доведе во Баер Леверкузен.

Иако Антони одигра значајно во минатата сезона во шпанскиот Бетис, каде што беше на позајмица и покажа дека сè уште може да игра на високо ниво, Тен Хаг беше јасен дека во моментов не размислува за негово доведување во тимот на Леверкузен.

„Тој е фантастичен фудбалер, два пати сум го ангажирал – најпрво во Ајакс, а потоа и во Манчестер јунајтед. Можам да кажам дека Антони ми е како син, но во моментов немам потреба од него во Леверкузен“, изјави холандскиот стратег.

Фото: Принтскрин