ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Иако навивачите на Ливерпул се надеваа дека првиот напаѓач во нивниот тим следната сезона ќе биде Александер Исак, јасно е дека од тоа нема ништо.
Со одличните игри во тимот на Њукасл, Исак го привлече вниманието на многу клубови, а најголем интерес покажаа водеќите на Ливерпул.
Њукасл за својот напаѓач бараше најмалку 100 милиони евра, а во Ливерпул одбија да ја платат оваа цена за него и се свртија на други опции.
Италијанскиот специјалист за трансфери Николо Шира објави дека Ливерпул заврши се со новиот напаѓач.
Станува збор за Хуго Екитике кој наводно завршил се и во наредните денови ќе биде претставен како нов играч на тимот од Енфилд.
“Работата е завршена и потврдена. Хуго Екитике од Ајнтрахт доаѓа во Ливерпул за 94 милиони евра.
Фото: Принтскрин