Челси планира продажба на играчи за да го комплетира тимот со нови засилувања


ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новиот шампион на Светското клупско првенство, Челси, продолжува со зајакнување на својот тим и пред завршувањето на летниот трансфер период сака да обезбеди две значајни засилувања – тоа се Чави Симонс од РБ Лајпциг и Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед.

Трансфер-експертот Фабрицио Романо ги сподели информациите дека „сините“ ќе се насочат прво кон ангажман на Симонс, а трансферот би можел да биде со вредност од околу 70 милиони евра. По завршувањето на таа трансакција, управата на Челси ќе вложи напори да го потпишат и младиот аргентински фудбалер Гарначо, за кого планираат да понудат околу 50 милиони евра.

За да ги реализираат овие амбициозни трансфери, лондонскиот клуб ќе треба прво да ослободи место и финансиски средства со продажба на неколку играчи. Помеѓу оние кои би можеле да го напуштат „Стемфорд Бриџ“ се Тајрик Џорџ, Кристофер Нкунку, Рахим Стерлинг, Николас Џексон и уште неколку други играчи кои не успеале да ги исполнат очекувањата или не се согласуваат со визијата на новиот тренер.

Фото: Принтскрин