ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во текот на приказната и дебатата за новиот најдобар играч во светот (ако воопшто некогаш би требало да има дилема), малку го заборавивме актуелниот најдобар на планетата.
И не е чудно, бидејќи не го видовме речиси цела претходна сезона поради повреда на предните крстни лигаменти од коленото. Натпреварот со Арсенал во септември го одвои од теренот и наскоро ќе биде година дена од тој момент.
Заигра во претпоследното коло од Премиер лигата, беше дел од екипата и на Светското клупско првенство каде што имаше ограничена минутажа, но и нова повреда која запали дополнителен аларм во Сити дека мораат да бидат повнимателни кон него. Пеп Гвардиола верува дека неговиот земјак по репрезентативната пауза во септември ќе биде целосно подготвен да игра на највисоко ниво.
Шпанецот има уште две години договор со Сити и следното лето постојат реални шанси да замине иако клубот планира да му понуди богат продолжеток на соработката што би го направило, заедно со Ерлинг Халанд, најплатениот играч на “граѓаните”, додека би бил на врвот меѓу играчите од средниот ред во Европа.
И покрај тоа, тој има симпатии кон Мадрид. Всушност, тие се взаемни. Роден е таму и сосем е природно. Реал со Ќаби Алонсо има нови перспективи и иако Родри наскоро полни 30 години, тие сметаат дека би им бил од огромна помош. Така би се обиделе да го привлечат веќе следното лето.
Фото: Принтскрин