ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челзи според сè изгледа реши дека овие шест фудбалери нема да бидат дел од тимот.
Челзи заврши со шестмина фудбалери, пренесуваат англиските медиуми.
Фабрицио Романо, италијанскиот познат инсајдер, објави на своите социјални мрежи дека овие фудбалери сите заминуваат од клубот летово.
Николас Џексон, Кристофер Нкунку, Бен Чилвел, Рахим Стерлинг, Аксел Дисаи и Ренато Веига се на излезните врати на клубот.
Засега нема информации каде овие фудбалери ќе ја продолжат кариерата, но наводно поголемиот дел веќе имаат многу преговори.
Челзи така влезе во завршна фаза на реконструкција на екипата и ростерот кој ќе биде во Лондон за сезоната 2025/2026.
Фото: Принтскрин