Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Џанлуиџи Донарума е сè поблизу до договор да ја продолжи својата кариера во Манчестер Сити.
Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан кај ПСЖ откако не успеа да постигне договор со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике.
Во последниве денови се зборуваше дека покрај Манчестер Сити, и Манчестер Јунајтед би можел да биде заинтересиран за услугите на Италијанецот. Меѓутоа, последните вести откриваат дека Јунајтед се повлече од трката.
Договорот на Донарума истекува следната година, а актуелниот европски шампион за неговите услуги бара сума од околу 50 милиони евра.
Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година, поради болно и непријатно заминување од Милан, клубот во кој ја започна својата кариера. Тој беше на голот на Париз на 107 натпревари, и смета се за еден од најзаслужните за освоената титула европски шампион оваа година.