Навивачите скандираа „пумпај“, па почнаа да го навредуваат Вучиќ во Белград (Видео)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Во Белград, српската кошаркарска селекција убедливо ја победи Словенија на последниот подготвителен меч пред Европското првенство. Но, вниманието на јавноста не беше фокусирано само на играта, туку и на атмосферата која владееше меѓу навивачите на трибините.

Одреден дел од навивачите започнаа да скандираат „пумпај, пумпај“, изразувајќи јасна поддршка за студентските протести кои последниве денови се одржуваат низ улиците на Србија. Во салата исто така се слушнаа и навреди насочени кон претседателот Александар Вучиќ, кои дополнително привлекоа внимание од медиумите и јавноста.

 

Фото: Принтскрин