Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Српскиот играч за врска Немања Матиќ брзо најде нов клуб откако ја прекина соработката со Олимпик од Лион.
Францускиот великан беше принуден да се раздели со Матиќ поради неговите високи примања и редукција на трошоците на организацијата поради финансиски потешкотии. Се споменуваше дека српскиот играч за врска може дури и да се врати во татковината и позни играчки години да ги помине во своето Јединство од Уб, но тоа нема да биде случај.
Тој ќе игpa уште на многу високо ниво и за својата следна дестинација повторно ја одбра Италија, односно Сасуоло.
Со повратникот во Серија А потпиша едногодишен договор, а во договорот е вклучена и опција за продолжување за уште една сезона.
Значаен чекор за екипата од Реџо Емилија во борбата за опстанок и покрај тоа што сезоната уште не започнала. Немања Матиќ е сигурен играч, искусен и заедно со Доменико Берарди треба да ја држат соблекувалната.
Интересно е што во клубот го чека Фабио Гросо, кој пред две години го водеше Олимпик Лион и “лавовите” ги напушти непосредно пред доаѓањето на српскиот играч за врска.
Фото: Принтскрин