Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума е на прагот да се пресели во англиската Премиер лига, откако постигнал договор за лични услови со Манчестер Сити. „Граѓаните“ размислуваат за долгорочен договор, а преговори се водат со Пари Сен-Жермен за компензацијата.
Меѓутоа, исходот на оваа зделка ќе зависи од плановите со сегашниот прв голман на Сити, Едерсон. Ако Бразилецот реши да замине од клубот ова лето, тоа би го расчистило патот за Донарума да се префрли на „Етихад“.
Донарума, кој има само 25 години, е признаен како еден од водечките голмани во Европа. По заминувањето од Милан во 2021 година, тој се приклучи на ПСЖ, а истата година со репрезентацијата на Италија беше прогласен за најдобар играч на Европското првенство.
Фото: Принтскрин