(Видео) Погледнете го импресивното деби на Модриќ во Серија А


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


МИЛАН го изненади непријатно преполниот Сан Сиро во првото коло од Серија А со пораз од доскорешниот второлигаш Кремонезе (1:2), но затоа полната Маеца и италијанската фудбалска јавност ги воодушеви Лука Модриќ.

Беше стартер и така влезе во историјата на италијанскиот фудбал. За Милан играше на 39 години, 11 месеци и 14 дена, со што стана најстар дебитант во Серија А. Модриќ го сруши рекордот кој од 2016 година го држеше Маурицо Пугљези, кој првпат настапи за Емполи на 39 години и шест месеци.

Но Модриќ не се задоволи само со рушењето на рекордот за ветерани. Играше така што од Sofascore заслужи оценка 7.5, највисока кај Милан. Истовремено беше втор највисоко оценет играч на натпреварот, по напаѓачот на Кремонезе Федерико Бонацоли, кој за победничкиот гол со ножички доби 7.8.

Модриќ суверено владееше со средината на теренот. Ја водеше играта на Милан и се ослободуваше од пресингот на противникот. Модриќ ги обигруваше соиграчите, но тие не го искористуваа тоа. Додуше, додавањето на Модриќ со надворешниот дел од стапалото, негов заштитен знак, заврши со гол, но беше отсудено офсајд.

Фото: Принтскрин