Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фабрицио Романо, познат по своите инсајдер информации за трансфери, ги поби шпекулациите кои во последниве денови се појавија во медиумите за можен трансфер на Витиња во Реал Мадрид.
Преку своите канали, Романо јасно дека сите наводи за постоење на договор помеѓу шпанскиот гигант и португалскиот репрезентативец се лажни. Таков трансфер воопшто не е во план.
Во изминатиот период, различни медиуми информираа дека Реал Мадрид е заинтересиран за играчот на ПСЖ. Но, според најдоверливиот извор за трансфер вести, се работи за безосновни гласини.
Со оваа изјава, шпекулациите се ставени на крај, а Витиња најмалку засега, останува дел од проектот на Пари Сен Жермен.
Фото: Принтскрин