Онана во центар на нов скандал: Навивач се обиде да се фотографира па „заработи“ удар со лакт во лице (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, го нападна навивачот кој влета на теренот по поразот на Камерун од Зеленортските Острови со 1:0 во квалификациите за Светското првенство.

Ова е неизвесно време за Онана, кој моментално се наоѓа на работ да го напушти Олд Трафорд за да се приклучи на Трабзонспор на позајмица до крајот на сезоната.

Тој не беше во конкуренција за првите три натпревари од Премиер лигата кога Манчестер Јунајтед играше против Арсенал, Фулам и Барнли.

Наместо Онана, шанса да брани доби минатогодишниот втор голман, а тоа е Алтај Бајиндир.

Поранешниот голман на Ајакс и Интер од Милано падна уште пониско на хиерархијата по доаѓањето на Сен Ламменс од Ројал Антверп за околу 25 милиони евра на последниот ден од трансфер пазарот.

Додека сите чекаат неговиот следен потег, Онана повторно се најде на насловните денес, а причината е вчерашниот натпревар против Зеленортските Острови.

Онана не беше добро поставен кај примениот гол кој го постигна Дајлон Ливраменто, и многумина му го замеруваат тоа.

Стотици навивачи одлучија веднаш по последниот свиреж на судијата да влетаат на теренот за да ја прослават победата на својот национален тим.

Еден од навивачите брзо му пријде на Онана и се обиде да се фотографира со голманот на Манчестер Јунајтед, но тоа не заврши баш најдобро.

.