Шумахер најави голем трансфер кој се очекува во Формула 1


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Макс Верстапен повторно доминираше за време на тркачкиот викенд, а овојпат тоа го направи на легендарната Монца. Сепак, најмногу внимание привлече реакцијата на Тифозите. Неговата победа отвори прашање: дали Ферари е следната идеална дестинација за холандската ѕвезда?

Макс Верстапен во недела запиша нова победа, доминантна, на легендарната Монца.

Холанѓанецот славеше со огромни 19 секунди предност, потсетувајќи така на своите најдобри трки од претходните сезони.

Верстапен ги остави зад себе двата McLaren-a, не давајќи им ниту тронка надеж за победа.

Ова беше неговата трета победа во тековната сезона, воедно и прва победа на Red Bull по оставката на Кристијан Хорнер.

Иако Холанѓанецот веќе потврди дека и наредната година ќе вози за Red Bull, неговата иднина остана една од главните теми во круговите на Формула 1.

Се разбира, први заинтересирани да го доведат во своите редови е Mercedes.

Германскиот тим, и покрај одличните настапи, сè уште нема продолжено договор со George Russell.

Интересно, во пресрет на самата трка, Верстапен го коментираше и можноста за доаѓање во Италија, односно во Ферари.