Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Натпреварот од петтото коло на Ла Лига помеѓу Барселона и Хетафе нема да се игра на стадионот „Камп Ноу“.
Уште се очекува официјалниот крај на реновирањето на овој објект, всушност, проблемот е само од природа на документи и Барселона сè уште нема дозвола од надлежните за одигрување натпревари на најголемиот стадион во Шпанија.
Барселона повикува на трпение кај навивачите затоа што целокупната постапка на враќање на стариот стадион бара сериозна документација и почитување на законите.
Значи, Барса и Хетафе, на 21 септември, ќе играат на стадионот „Јохан Кројф“, на истото место каде што неодамна падна Валенсија со резултат 6:0.
Уште една интересност, челниците на Ла Лига изјавија дека ретко каде теренот е со таков квалитет во Шпанија како што е на стадионот „Јохан Кројф“.