Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Многу интересна приказна донесува американскиот CNBC, а се однесува на Кевин Дурент, еден од најдобрите стрелци во историјата на кошарката.
Рич Клајман, агентот на славниот кошаркар, потврди на медиумите дека Дурент на располагање има голем износ во криптовалути. Сепак, постои еден огромен проблем.
Кеј-Ди некаде ја загубил лозинката.
“Работиме на пронаоѓање на лозинката на Кевин за неговиот профил на платформата ‘Coinbase’. Тој никогаш не ги продал криптовалутите кои ги има, па затоа нивната вредност сега е огромна. Биткоинот продолжува да расте, така што тоа е позитивно”, изјави Клајман.