Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Кристијано Роналдо остро одговори на критиките упатени кон неговиот соиграч Жоао Феликс поради преминот во саудискиот Ал-Наср, нарекувајќи ги критичарите идиоти. Трансферот на Феликс од Челси минатото лето, вреден 30 милиони евра, со можен раст до 50 милиони преку бонуси, предизвика бројни дебати во фудбалскиот свет, пишува Daily Mail.
Многумина се зачудени што 25-годишниот Португалец го напушти европскиот фудбал. Оваа одлука следеше по турбулентен период. Феликс минатото лето премина на Стамфорд Бриџ од Атлетико Мадрид, откако веќе беше на позајмица во истиот клуб во 2023 година. Иако во првата половина од сезоната одигра 20 натпревари, започна само три дуели во Премиер лигата пред јануарската позајмица во АК Милан. Во дресот на Ал-Наср веќе одигра пет натпревари, постигнувајќи хет-трик при дебито со една асистенција.
Откако популарниот португалски подкаст Чуверињо во еден од своите сегменти ја доведе во прашање одлуката на Феликс, Роналдо на Инстаграм напиша што мисли за тоа.
„Идиоти ништо не разбираат од фудбал, а сепак даваат свои мислења“, напиша Роналдо, дополнувајќи со три емотикони кои се смеат до солзи. Неговиот коментар во меѓувреме беше отстранет, а од профилот на подкастот подоцна беше објавена порака во која се прашуваат дали заслужуваат ваков напад откако редовно го пофалувале.