Барса објави детали за состојбата на двајцата фудбалери, кога се враќа Гави?


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Како што пишувавме утрово, Фермин Лопез се повреди, но не е толку сериозно како што се чинеше на прв поглед. 

Станува збор за мускул што се нарекува илиопсоас на колкот, а периодот за опоравување од оваа повреда е околу три недели. 

„Гави во вторник ќе биде подложен на артроскопски преглед кај д-р Жоан Карлс Монлуе, под надзор на медицинскиот тим на клубот. Ново соопштение за медиумите ќе биде објавено по завршувањето на процедурата”, стои на сајтот на клубот. 

Според извори од медиумите, се очекува да отсуствува околу 4-6 недели.