Трајковски: Притисокот е врз Белгија, нема да ѝ биде лесно!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Утре, македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со Белгија во квалификациски натпревар за Светското првенство, кој ќе се одржи во Гент. Александар Трајковски, нашиот напаѓач, ги сподели своите размислувања за мечот и атмосферата во тимот пред овој предизвик.

Тој е убеден дека Белгија ќе пристапи со поголем респект кон македонската екипа, имајќи ја предвид нашата игра од првиот дуел меѓу двете селекции.

„Мислам дека доволно знаат со каква селекција треба да играат. Тоа го докажавме и во Македонија. Мислам дека ќе имаат поголема почит кон нас. Притисокот е врз нив, додека ние секој натпревар го играме исто и се подготвуваме на ист начин. Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и нема да им биде лесно ниту на нив. Како тече циклусот, така се зголемува и притисокот, но мора да одиграме како што знаеме за да стигнеме до добар резултат. Белгија е силна селекција, произведува добри играчи и затоа се наоѓа таму каде што е“, кажа Трајковски.