Медведев го критикуваше судијата: Ти си луд (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Данил Медведев, рускиот тенисер, се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Шангај, откако триумфираше над Американецот Леарнер Тиен во три сета. Сепак, неговиот успех беше повторно засенет од судирот со главниот судија.

Бурно реагираше Медведев кога беше опоменат за наводно одолговлекување при сервис на неговиот противник. Русинот саркастично ја спореди оваа ситуација со ритуалот на Рафаел Надал, кој честопати одзема повеќе време пред започнување на поенот.

„Целата кариера чекав Надал и по минута пред да сервира, а никој никогаш не му даде опомена. Јас играв против него пет пати и не видов такво предупредување. Ова е лудо!“, револтирано изјави Медведев.