Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Денес и наредните неколку дена ќе направиме пауза од европските купови, но затоа ќе имаме вонредно коло во неколку европски лиги, но ќе се изиграат дуели од домашните купови. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Лече – Наполи – 2&0-3 @ 2.00 во BC.Gamе
Дуелот помеѓу Лече и Наполи ќе го отвори вонредното коло во Серија А. Наполи гостува кај Лече после фантастичната победа над Интер. Тој триумф стигна во вистински момент и делува дека ќе им ја врати самодовербата на Наполитанците. Лече од друга страна изгуби за време на викендот и во моментов се наоѓаат на 16-та позиција со 6 бода и учинок од 1 победа, 3 реми и 2 порази. Овде ние очекуваме победа за гостите и типуваме 2&0-3 гола со квота 2.00 во Bc.Game
Тун – Винтертур – 1&2+ @ 1.67 во 22Bet
После три последователни победи, Тун повторно се врати на врвот на табелата во Швајцарија. Иако се повратници во елитата, фудбалерите од овој град играат фантастично и повеќе не се само изненадување, туку и сериозен кандидат за највисок пласман. Винтертур се последни на табелата со само 3 освоени бода и единствен тим без победа во актуелната сезона. Овие податоци јасно укажуваат дека Тун е огромен фаворит, а ние очекуваме да запишат победа на овој натпревар. Типуваме 1&2+ со квота 1.67 во 22Bet.
Гримзби – Брентфорд – 2&0-3 @ 2.40 во Bet365
Гримзби направи многу чуда во рамките на англискиот Лига Куп, па ќе видиме дали така ќе продолжат и на овој натпревар. Тие ги елиминираа Шрузбери, Манчестер Јунајтед и Шефилд Венздеј, па тоа не е учинок кој треба да го потцениме. Брентфорд игра многу подобро од очекувањата и бележат фантастични резултати. На овој натпревар очекуваме гостите да победат без поголеми проблеми и типуваме 2&0-3 гола со квота 2.40 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 8.02
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 28.10.2025 во 08:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk











