Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јанис Адетокумбо повторно покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари на денешницата! Грчкиот ас ја донесе победата на Милвоки Бакс против Индијана Пејсерс со резултат 117:115, и тоа со неверојатен шут со звукот на сирената!
Во последните моменти од натпреварот, Адетокумбо ја „замрзна“ одбраната на Пејсерс – со грб свртен кон кошот, ја спушти топката на левиот лакт, се заврте и од тешка позиција, преку раката на Арон Несмит и Исаија Џексон, погоди за победа! Топката леташе високо, го прелета блокот и неизбежно помина низ обрачот.
Со оваа победа Милвоки продолжи со добрата серија, додека Индијана, шампионот на Истокот од минатата сезона, падна на скор 1:6 и веќе пети пат загуби меч со разлика помала од шест поени.
















