Ѓоковиќ ги дозна противниците во Торино – во група со Алкараз!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Ждребот за Завршниот мастерс во Торино беше извршен, а Новак Ѓоковиќ е сместен во групата „Џими Конорс“.

Најдобриот српски тенисер ќе биде во група заедно со Карлос Алкарас, Тејлор Фриц и Алекс де Минор.

Доколку одлучи да игра, српскиот ас го очекува исклучително тежок предизвик – дуел со Алкараз, младиот Шпанец кој повеќепати нагласи дека Новак му е најголема инспирација, но и пречка на патот кон врвот.

Ѓоковиќ сè уште нема потврдено учество во Торино, известувајќи дека одлуката ќе ја донесе по турнирот во Атина, каде овој четврток игра четвртфинале против Нуно Боржес.

Во другата група, именувана по легендарниот Бјорн Борг, ќе се натпреваруваат Јаник Синер, Александер Зверев, Бен Шелтон и веројатно Феликс Оже-Алијасим.

Доколку Лоренцо Музети го освои турнирот во Атина, тој ќе го земе последното место во таа група наместо Канаѓанецот.