Барселона како да е проколната, на Флик му се „стемни пред очи“


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Барселона утре ја очекува незгоден натпревар во Виго против Селта во рамките на 12. коло на шпанската Ла Лига, а Ханси Флик е соочен со уште една лоша вест.

Каталонскиот тим не блеска премногу оваа сезона како што блескаше минатата кога во Шпанија освои се што можеше.

По ремито во Белгија против Клуб Бриж (3:3) во натпревар од Лигата на шампионите, веќе утре Каталонците ги чека нова средба и гостување во Виго.

Селта го дочекува овој натпревар во одлично расположение, со оглед на тоа што во четврток во Европа го совлада загрепски Динамо со убедливи 3:0 на Максимир.

Гостувањето во Виго за Барселона е традиционално многу незгодно што се виде и минатата сезона кога Селта успеа да освои бод играјќи 2:2.

Меѓутоа, пред поаѓање кон Виго тренерот на каталонскиот тим Ханси Флик доби нови лоши вести, бидејќи продолжија огромните проблеми кои ги има со повредени играчи оваа сезона.

Списокот на повредени играчи на Барселона е доста долг, а кон него се приклучи и Жил Кунде, што за Флик е тежок удар со оглед дека тој е единствениот вистински избор за позицијата десен бек кој го имаат.

Кунде се повреди во натпреварот во Белгија, но се очекуваше дека не е ништо сериозно и дека ќе биде подготвен за Селта.

.