Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Познатиот офанзивен играч од средината роден во Розарио ги бранеше боите на каталонскиот гигант од 2004 до 2021, и сосема логично е што неговата „тајна“ посета во неделата навечер беше пропратена со емотивна порака.
„Синоќа се вратив на местото кое ми недостига со душа. Место каде што бев неизмерно среќен, каде што ме направивте илјада пати посреќна личност“, се зборовите со кои започнува објавата на Меси на Инстаграм. За многумина најдобриот фудбалер во историјата, Лионел Меси, го посети култниот стадион Камп Ноу, кој е во завршна фаза на реновирање, а каде што 38-годишниот Аргентинец доживеа многу сјајни моменти во кариерата носејќи го дресот на Барселона.
.
















