Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Кристијано Роналдо и неговата Португалија ја очекува натпревар против Ирска како гости, и јасно е дека сакаат победа на овој меч.
Капитенот на фудбалската репрезентација на Португалија не очекува да добие симпатии од ирските навивачи кои ќе бидат присутни на стадионот.
„Сите на стадионот ќе ми свиркаат? Едвај чекам. Навикнат сум на тоа, навистина се надевам дека ќе го направат тоа, бидејќи тоа можеби ќе го намали притисокот на другите играчи. Најмногу што сакам е да уживам. Не е одлучувачко, но со победа можеме да се квалификуваме.
Сакаме да ја завршиме работата сега”, рече Роналдо.
По прашањето за тоа дека го пофали селекторот на Ирска, Роналдо очекувано одговори.
“Се согласувам со него. Знам кога сум во предност, знам кога играм добро, а кога не.
Квалитетот на играта секогаш се истакнува. Сепак, тоа се само зборови, а јас сакам да се квалификуваме на Светското првенство.”
Освен тоа, Роналдо најави дека очекува дефанзивен пристап кон натпреварот од страна на Ирска.
“Тие се тим кој ќе игра во низок блок. Мислам дека ќе биде ист натпревар како и во Португалија.
















