Тикет на денот (сабота, 06.12.2025)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Полна понуда е пред нас и се игра ширум Европа, а ова е нашиот предлог тикет за денес.

ПСЖ – Рен – 3+ @ 1.40 во BC.Game

ПСЖ претрпе пораз во последниот првенствен натпревар од Монако, па поради тој резултат се симнаа од првата позиција, но со оглед на фактот дека до крајот на сезоната има уште многу, рано е да се разочараат фановите на овој тим. На гости им доаѓа Рен, тимот кој игра солидно и кој се наоѓа во зоната за Европа, а за нив примарна цел е пласман во некој од европските купови. Овде иако ПСЖ е голем фаворит, ние одлучивме да типуваме на голови и тоа 3+ со квота 1.40 во Bc.Game.

Лајпциг – Ајнтрахт Франкфурт – ГГ @ 1.44 во 22Bet

Биковите се посветени максимално на германската Бундеслига и тие „бркаат“ позиција која следната сезона ќе ги одведе во Европа, поточно во Лигата на шампиони. Засега работите одат според планот и тие се наоѓаат на врвот, а во последното коло зедоа само бод на натпреварот против Менхенгладбах. Ајнтрахт од друга страна на овој дуел влегува со добро расположение бидејќи на последните пет натпревари во домашната Бундеслига запишаа три победи и две реми, досега собраа 21 бод од 12 изиграни натпревар. Како најсигурен тип за овој натпревар ни е ГГ со квота 1.44 во 22Bet.

Виљареал – Хетафе – 1 @ 1.60 во 20Bet

Виљареал делува дека оваа сезона нема да има проблеми околу пласманот во Лигата на шампиони. Тие се на врвот на табелата и играат многу добро како на домашен, така и на гостински терен, па во последните пет првенствени натпревари запишаа исто толку и победи. Хетафе после двата врзани порази, запиша тешка победа на натпреварот против Елче, па се издигнаа на првата половина од табелата. Сепак, овде веруваме дека Виљареал ќе ја продолжат победничката серија и дека ќе земат нови три бода. Типуваме 1 со квота 1.60 во 20Bet.

Лидс – Ливерпул – 2 @ 1.75 во Bet365

Лидс имаше доста тежок распоред овој период, а искрено од овој тим не очекуваме ништо повеќе освен грчевита борба за опстанок, а и големо е прашањето дали ќе успеат да останат во Премиер лигата и следната сезона. Ливерпул некако не личи на себе и од нив во последно време се навикнавме да очекуваме борба за првата позиција на табелата, но овој пат работите се малку поинакви и „црвените“ бележат доста изненадувачки резултати во негативна смисла. Како и да е, овде сметаме дека гостите се во блага предност и дека имаат капацитет за три бода. Наш предлог е 2 со квота 1.75 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.64

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 06.12.2025 во 07:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk