До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид во последно време не изгледа добро, а новиот удар се случи во шестото коло на Лигата на шампионите и поразот од Манчестер Сити на Сантјаго Бернабеу со резултат од 2:1.
Навивачите се разочарани, исто како и самите играчи, а веднаш првите погледи се упатени кон Чаби Алонсо.
Претходните денови се зборуваше за заминување на Алонсо од клупата на Реал, а многумина веднаш се прашуваа што ќе биде по поразот од Манчестер Сити.
Не се чекаше долго на реакцијата на мадридскиот клуб. Чаби Алонсо не ни влезе добро во соблекувалната, а веќе дозна дека нема да добие отказ.
Оваа вест ја пренесоа медиумите блиски до Реал Мадрид, а беше објавена и на социјалните мрежи.
Според сè изгледа, Алонсо ќе има наредниот месец денови да ја спаси својата работа.















