Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона вечерва гостуваат кај третолигашот Гвадалахара на стартот на натпреварувањето во Кралскиот куп, а сите каталонски извори тврдат дека Војчех Шченсни ќе ја добие шансата на голот.
Иако капитенот Марк Андре Тер-Штеген се врати во тимот по речиси петмесечна пауза, Ханзи Флик сè уште повеќе му верува на Полјакот, па според сите најави се очекува дека токму Шченсни и вечерва ќе ја добие шансата меѓу стативите.
Овој сценарии беше навестен и од Ханзи Флик пред оваа натпревар.
“Хоан Гарсија ќе добие одмор и нема да брани на овој натпревар, а ќе видиме уште кој ќе го замени. Војчех Шченсни е нашиот лидер, минатата сезона со него на голот освоивме три важни трофеи и тој е многу важен член, а сега е тука и Тер-Штеген, одличен голман и навистина ни е драго што можеме да сметаме на сите тројца“, рече Флик.
















