(ВИДЕО) Неочекуван инцидент во Англија – тепачка помеѓу навивачи на Лутон снимена во живо


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


По завршувањето на натпреварот во Лига 1 во Англија меѓу Лутон Таун и Ридинг, каде што домаќините загубија со 2-3, настана изненадувачка сцена на трибините. Навивач на Лутон удри друг навивач директно во лице, а овој инцидент беше забележан во живо на Sky Sports.

Снимката што се појави веднаш по завршувањето на мечот прикажува како незадоволен навивач на Лутон влегува во жестока расправа со друг поддржувач, поради исходот на натпреварот. Ситуацијата ескалираше кога еден од навивачите го турна другиот, што предизвика бурна реакција и физички конфликт.