Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
На британскиот тежач Ентони Џошуа му беа потребни шест рунди за да го нокаутира Јутјуберот и боксерскиот почетник Џејк Пол во мечот кој од самиот почеток беше најавен како еден од најнерамноправните во историјата на боксот. Пол најголемиот дел од борбата го помина избегнувајќи судир, но на крај сепак попушти пред силата на двојниот светски првак.
Џошуа делуваше сè пофрустрирано додека Пол ја избегнуваше борбата и танцуваше по рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и го собори јутјуберот-боксер двапати во петтата рунда. Пол повторно беше на подот и во шестата, пред Џошуа да зададе силен и чист десен удар кој ненадејно ја заврши надреалната ноќ во Касеја Центарот во Мајами.
Ова беше борба во која не видовме одличен бокс, но затоа борците заработија извонредна сума. Според информациите од повеќе извори, Џошуа и Пол братски ја поделија сумата од 184 милиони долари, што значи дека секој од мечот излезе побогат за 92 милиони долари.













