Историски договор за Енрике – вакво нешто никој досега не добил!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен планира да му понуди на Луис Енрике досега невиден договор – доживотен.

ПСЖ толку верува дека Луис Енрике е вистинскиот тренер за долги години, што Насер Ал-Келаифи сака да му понуди “бланко” и неопределен договор, доживотен, досега невиден во фудбалскиот свет, пишуваат шпанските медиуми.

Покрај тоа, ПСЖ сака да му понуди и огромна плата по која ќе биде најплатениот тренер во светот, но бројката не е откриена.

Луис Енрике повеќепати повторил дека е среќен во Париз, и на приватен и на спортски план, така што делува дека би можел да остане, само што е големо прашање дали ќе се обврзе токму вака и да остане во “златниот” кафез доколку некогаш посака да замине.

Шпанецот во својата кариера ја водел Барселона Б, потоа Селта, Рома, а потоа напишал златни страници во својата Барса од 2014 до 2017 година, по што пред доаѓањето во Париз ја водел репрезентацијата на Шпанија.

.