До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Трент Александар-Арнолд би можел да добие шанса за “бегство” од Реал Мадрид, бидејќи неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги.
Одличниот десен бек ова лето го напушти Ливерпул, клубот во кој практично порасна и во кој ја мина целата кариера до тогаш.
Одлуката да оди во Реал Мадрид го подели навивачите на Ливерпул за кој Александар-Арнолд одигра 354 натпревари и постигна 23 гола.
Неговиот договор со Ливерпул требаше да истече на крајот на минатата сезона и можеше како слободен играч да замине од клубот.
Сепак, Реал Мадрид плати одредена отштета за него за да може да игра на Светското клубско првенство за својот нов клуб.
Според пишувањето на fichajesa, три клуба се во борба за потписот на Трент Александар-Арнолд, а еден веќе подготви понуда од 40 милиони евра.
“Манчестер Јунајтед подготвил понуда од 40 милиони евра за Трент Александар-Арнолд. Њукасл и Манчестер Сити исто така се заинтересирани”, се вели во нивната објава.
















