До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јануари би можел да донесе голем трансфер на Родриго од Реал Мадрид, а неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги.
Имено, според пишувањето на шпанскиот „АС“, Бразилецот Родриго сака да го напушти Реал Мадрид и му е доста од сè во овој клуб.
Одлуката е донесена од страна на играчот и неговиот татко кои научиле многу од грешките што ги направиле минатото лето, кога решиле Бразилецот да остане во Реал Мадрид.
Крилниот фудбалер сфатил дека е време да си замине од овој клуб и да премине во некој каде што навистина ќе биде ценет и ќе има поважна улога.
Родриго сака да замине уште овај јануари, доколку се отвори можност за тоа, но многу зависи и од Реал Мадрид кој би го продал следното лето.
Сепак, Реал Мадрид ја одреди цената, а таа изнесува 100 милиони евра, а пет клубови се навистина заинтересирани за доведување на Бразилецот.
“Започна трката за Родриго.
PSG наводно е единствениот тим кој ја има финансиската моќ да го доведе.
Сепак, Арсенал, Челси, Ливерпул и Манчестер Сити се заинтересирани.
Реал Мадрид ќе земе предвид само понуди од околу 100 милиони евра, инаку нема да го продаде”, тврди Екрем Конур.
















