Ливерпул за 120 милиони евра го ангажира наследникот на Салах

Ливерпул во наредните денови треба да добие големо засилување, откако играчот кој го сака „половина Европа“, кажал „да“ на „Црвените“.

Англиските медиуми веќе ги открија и трошоците што „Црвените“ ќе мора да ги платат за да добијат играч за кој се тврди дека е најдоброто откритие на Ред Бул уште од Ерлинг Халанд.

Се разбира, зборуваме за Јан Диоманд, крилен фудбалер кој има 19 години и постигнал седум гола, со четири асистенции во 16 настапи оваа сезона за РБ Лајпциг.

Диоманд во Германија пристигнал од Леганес за 20 милиони евра и брзо стана еден од најбараните млади играчи во светот на фудбалот.