До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Како што стојат работите сега, изгледа дека момчето, кое го посакува половина Европа, е најблизу до потпис со каталонскиот клуб. По синоќешната нова победа во Лигата на шампионите, пристигнаа одлични вести за навивачите на каталонскиот клуб.
Барселона ги продолжи преговорите околу доаѓањето на младиот Хамза Абделкарим, кој многумина го нарекуваат „Новиот Мохамед Салах“.
Според сознанијата на шпанските медиуми, обете страни постигнале значителен напредок во последните 24 часа.
Договорот сè уште се финализира, а целта на каталонскиот клуб е Абделкарим првин да стане дел од нивната академија.
Планот е младиот играч постепено да се вклучи во системот на клубот, развивајќи се под закрилата на тренерите и стручниот тим на академијата.
Барселона во него гледа долгорочен потенцијал и сака да му обезбеди стабилен пат кон професионалниот фудбал.
Абделкарим во претходните сезони покажа извонредни квалитети, што привлече внимание од извидници ширум Европа.
Преговорите се однесуваат на деталите на договорот, вклучувајќи ги времетраењето на соработката и развојниот план за младиот играч.
Играчот и неговиот тим се во контакт со Барселона за да ги завршат сите формалности.
















