Интер ова лето ќе остане без тројца искусни фудбалери


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Интер ова лето ќе остане без тројца искусни фудбалери, бидејќи клубот не планира да ги продолжи договорите на голманот Јан Зомер, бекот Матео Дармијан и стоперот Стефан Де Вриј.

Како што пренесува доверливиот инсајдер Николо Шира, сите тројца од јули ќе станат слободни играчи, со што ќе им се отвори патот кон избор на нова средина без отштета. Одлуката на управата на „неразурите“ е дел од поширока стратегија за подмладување на тимот и рационализација на трошоците пред следната сезона.

Зомер пристигна во Интер како краткорочно решение на голот, но со своето искуство даде стабилност во клучните натпревари, додека Дармијан и Де Вриј со години беа важни шрафови во дефанзивната линија, особено поради својата тактичка дисциплина и сигурност.