Александар-Арнолд не е безбеден во Реал!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанските медиуми известија пред неколку дена дека новиот тренер на Реал му рекол на поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, дека не е во плановите на клубот.

Сепак, Дејли Меил денес тврди дека тие извештаи не се точни, и покрај тешкиот старт во Мадрид. Трент моментално е повреден, одигра само 11 натпревари оваа сезона и немаше некој значаен придонес за Реал.

Според Трансфермаркт, вреди 70 милиони евра. Тој пристигна како голема ѕвезда во Реал минатото лето, откако со Ливерпул освои англиско првенство.