Рахим Стерлинг и седум клуба од ЛШ кои го сакаат неговиот потпис!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот крилен фудбалер Рахим Стерлинг е слободен агент откако вчера му беше раскинат договорот со Челзи.

Тој беше изолиран од тренинзите со првиот тим веќе кај Енцо Мареска, а ситуацијата не се промени ниту откако дојде Лијам Розениор, иако впечатокот е дека сите страни веќе пред доаѓањето на новиот тренер го знаеја исходот.

Неговата желба е да остане во Англија, најдобро ако тоа биде Лондон каде Фулам пројави интерес, но многу поголеми “ѕверки” покажале интерес за него.

Како што вели Кавех Солекол од Скај, дури седум клуба на ниво на Лига на шампиони разговарале со неговите претставници. Истиот извор додава дека крилото е подготвено и здраво за највисоко ниво фудбал. 

Стерлинг играше за Ливерпул, Сити, Арсенал и Челзи. За “сините” од Лондон настапи 81 пат со придонес од 19 голови и 12 асистенции.