Страшни детали за несреќата во која загина Татјана Јечменица го шокираа Србија и регионот (Фото)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Србија, но и целиот регион, е потресен од веста за загубата на поранешната српска тенисерка Татјана Јечменица, којашто загина во страшна сообраќајна несреќа, а деталите за истата се особено потресни.

Синоќа е потврдено дека некогашната тенисерка Татјана Јечменица загина во сообраќајна несреќа на 47-годишна возраст.

Несреќата се случила на автопатот во близина на Белград, а во неа е тешко повреден и нејзиниот сопруг, за чиј живот се борат.

Јечменица беше и селекторка на репрезентацијата на Србија, а по завршувањето на кариерата стана тренерка и отвори тениско училиште во Нови Сад.

Сепак, она што најмногу ја шокираше јавноста се деталите за несреќата што утринава беа објавени.

Според неофицијални информации, автомобилот во кој биле Татјана и нејзиниот сопруг бил удрен од камион на автопатот.

Нaводно, Јечменица го возела автомобилот и пропуштила излез на автопатот, па почнала да се враќа наназад, а за жал тогаш врз нив налетал камион и ги удрил.