Манчестер сити нема долго да тагува ако си замине Гвардиола – познат е наследникот


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иднината на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити е тема на бројни шпекулации. Иако се очекува да ја заврши тековната сезона, не е јасно дали ќе продолжи да го води тимот и следната година.

Според информации на новинарот Фабрицио Романо, клубот веќе го има избрано својот потенцијален наследник – поранешниот тренер на Челси, Енцо Мареска. Мареска го напушти Челси поради лошите резултати и потоа реши да направи пауза од тренерската кариера, разгледувајќи нови можности на фудбалските терени.

Доколку се реализира трансферот на клупата, Мареска ќе има шанса да ја примени својата тренерска експертиза и да ја води една од најсилните екипи во англискиот фудбал.