Бура во Барселона: Лапорта обвинет за перење пари, реагираше и клубот


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот на Барселона Жоан Лапорта реагираше на кривичната пријава која против него ја поднесе еден член на клубот до Националниот суд, а во која поранешниот челник се обвинува за наводно перење пари и незаконско наплаќање провизии.

Лапорта во интервју за Радио Каталонија ги отфрли сите обвинувања, нарекувајќи ги обид за дискредитација пред изборите за претседател на клубот.

“Сè е апсолутно лажно. Ова е судска и медиумска стратегија со цел да се наштети на моите интереси и на она што го претставувам на изборите”, порача Лапорта.

Според наводите во пријавата, за кои прв извести весникот „Ел Периодико“, наводно постоела мрежа компании со седишта во Шпанија, Кипар, Дубаи, Хрватска и Естонија, преку кои, како што се тврди, се исплаќале незаконски провизии во рамките на повеќе зделки реализирани за време на мандатот на Лапорта.