Денвер во проблеми, Јокиќ игра повреден?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, продолжува да го води тимот и покрај проблемите со повредата на зглобот и раката, која го мачи уште од натпреварот против Лос Анџелес Клиперс на 19 февруари.

Повредата, како што пренесуваат американските медиуми, влијаела на неговата форма во последните неколку недели, но српскиот центар одбива да пропушти натпревари и сака да и помогне на екипата во клучниот дел од сезоната.

Јокиќ веќе имаше проблеми со коленото во текот на сезоната, па после првите 32 натпревари мораше да направи пауза. Се врати на 30 јануари против Клиперс и оттогаш не ги пропушта натпреварите. И покрај претходните отсустства, Нагетс успеаја да одржат конкурентност во Западната конференција, моментално имаат скор од 36-22 и се на четвртата позиција. Сепак, последните резултати покажуваат нестабилна форма, во последните десет натпревари оствариле четири победи и шест порази.