До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ речиси идеално ја започна новата сезона и за малку ќе се крунисаше за 11-ти пат на Австралија Опен, а на првиот турнир по Мелбурн, Индијан Велс, би можел да дојде до уште еден многу важен рекорд што би му го презел од Роџер Федерер.
По победата над Јаник Синер со 3:2 во сетови во полуфиналето, Новак беше поразен со 3:1 во борбата за титулата на првиот Гренд слем во сезоната. Следуваше пауза за него и пропуштање на турнирите на Блискиот Исток каде што обично играше во февруари, но за неколку дена повторно ќе го гледаме на теренот.
Протече негова фотографија од Мастерсот во Индијан Велс , иако самиот тој не го потврди учеството на тој турнир. Сепак, тој дефинитивно е во Калифорнија и се подготвува за голем предизвик.
Минатата сезона испадна веднаш по првиот натпревар, а сега доколку го освои ова натпреварување , тоа ќе му биде шеста титула во „тенискиот рај“, и така би се одвоил од Федерер кој би останал со пет пехари на тоа натпреварување.
Последен пат Ѓоковиќ го подигна трофејот на Индијан Велс пред точно 10 години, а и сега ќе биде тежок предизвик со оглед на тоа дека се пријавени и Карлос Алкараз и Јаник Синер.














