Македонија се извлече од „минус 18“ и го победи Азербејџан


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарите на Македонија триумфираа против Азербејџан со 78-70 за четврта победа во претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2029 година.

Азербејџан тргна моќно во мечот во Баку и имаше предност од 43-25 во првото полувреме, но Македонија успеа во вториот дел да го сврти мечот во своја корист и да слави на тешкото гостување.

Најефикасен кај Македонија беше Андреј Јакимовски со 22 поени и осум скокови, додека Стојан Ѓуроски додаде 10 поени.