Лапорта открива: Еве каква е судбината на Флик на клупата на Барселона


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Германскиот стратег Ханси Флик ќе остане тренер на фудбалерите на Барселона до јуни 2028 година, изјави претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта, пренесуваат денеска шпанските медиуми.

Флик (61) има договор со Барселона до 30 јуни 2027 година.

„Наскоро ќе го објавиме продолжувањето на договорот со Флик. Ќе биде тоа до јуни 2028. Секогаш претпочитаме договорите да имаат уште една година. Деко ќе биде задолжен за преговорите, а Рафа Јусте ќе го финализира договорот”, рече Лапорта во разговор за Радио Каталуња.

„Би сакал да го имам Флик за време на целиот мој мандат. Тоа би покажало стабилност на клубот и доказ дека победуваме. Тој е млад човек со многу енергија кој е среќен во клубот и во градот”, додаде претседателот на Барселона.