Тежок удар за Бразил пред мечот со Хрватска: Првиот голман отпадна!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Првиот голман на бразилската фудбалска репрезентација Алисон Бекер поради повреда ќе ги пропушти пријателските натпревари против Франција и Хрватска кои ќе се играат на 26 март во Бостон, односно на 31 март во Орландо, објави Бразилската Фудбалска Конфедерација (CBF) во петокот.

Алисон бранеше во целиот натпревар за Ливерпул во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Галатасарај, но потоа на тренинг наводно го истегнал мускулот.

Наместо Алисон, бразилскиот селектор Карло Анчелоти за оваа акција го повика голманот на Коринтијанс, Уго Соузa.