До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Раководството на Челси нема намера да прави тренерска смена на крајот од сезоната, дури и во случај тимот да не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Како што пренесува „Телеграф“, клубот останува зад актуелниот стратег Лиам Росениор и покрај можниот неуспех на европската сцена.
Според информациите, челниците на лондонскиот клуб се задоволни од насоката во која се движи тимот и од работата на тренерот, па не размислуваат за негово разрешување. Наместо тоа, планот е да се задржи стабилноста и да се продолжи со долгорочниот проект.
Останува да се види дали ваквата доверба ќе се исплати и дали Челси ќе успее да ги исполни целите во финишот од сезоната.















